Инфо Пулт 2005 – 2015

IPA Cross-Border Programme_Project 2007CB16IPO007-2012-3-042
September 26, 2016
Самовработување (SELF EMPLOYMENT)
September 26, 2016

Confident colleagues discussing business project at meeting

Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово веќе десет години е активно вклучена во реализација на Програмата за поддршка на претприемништво, конкурентност и иновативност на малите и средните претпријатија (конкретно владината програма ИНФО ПУЛТ), за давање на нефинансиска поддршка на малите и средните претпријатија од регионот на Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане и општина Липково.

Задолжен за координација на активностите и надоместување на трошоците за извршените договорни активности еВладината агенција, Аgency for promotion of entrepreneurship of the Republic Macedonia.

Целта на Програмата е пружање на информативни и советодавни услуги од областа на конкретната договорена активност од Програмата ИНФО ПУЛТ, имплементација на програми за помош, информирање и советување на потенцијални претприемачи и МСП, како и други активности кои претставуваат основа за истражување на потребите на претприемачите со цел креирање на мерки и инструменти за нивен поквалитететн и побрз развој.

Како можни информативнии советодавни услуги кои Регионалниот центар Куманово преку Програмата ИНФО ПУЛТ ги има пружено на клиентите од регионот (постојни претпријатија и потенцијални претприемачи) се следниве:

  • Информирање за можните форми и институции за обука на претприемачи;
  • Информации и советувања од областа на деловната помош и финансирање;
  • Информации и советодавни услуги за потенцијална консултанска помош за решавањето на  конкретни проблеми во работењето;
  • Информации и совети за можностите за инвестирање во регионот, извозните можности, бизнис контакти и други информации и совети;
  • Информации за можности за учество и аплицирање во домашни, странски и меѓугранични проекти;
  • Информации и совети за извори на финансирање;
  • Информации за саеми, трговски мисии и бизнис форуми во земјата и странство;
  • Информации за Европската мрежа за претпријатија (ЕЕН) и дисеминација на информации за вклучување на МСП во Европската база на бизнис соработка (БЦД)  и во Европската мрежа за трансфер на иновации, односно трансфер на технологии (ББС)
  • Информации за потенцијалите на регионот;
  • Други деловни информации, советувања и интернет истражувања;