Проект Инфо Пулт

EU project_EuropeAid 135-012-M-ACT-MK
September 26, 2016
Проект Ваучер Советување
October 11, 2016

Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово веќе десет години е активно вклучена во реализација на Програмата за поддршка на претприемништво, конкурентност и иновативност на малите и средните претпријатија (конкретно владината програма ИНФО ПУЛТ), за давање на нефинансиска поддршка на малите и средните претпријатија од регионот на Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане и општина Липково.

Задолжен за координација на активностите и надоместување на трошоците за извршените договорни активности еВладината агенција, Аgency for promotion of entrepreneurship of the Republic Macedonia.

Целта на Програмата е пружање на информативни и советодавни услуги од областа на конкретната договорена активност од Програмата ИНФО ПУЛТ, имплементација на програми за помош, информирање и советување на потенцијални претприемачи и МСП, како и други активности кои претставуваат основа за истражување на потребите на претприемачите со цел креирање на мерки и инструменти за нивен поквалитететн и побрз развој.

Како можни информативнии советодавни услуги кои Регионалниот центар Куманово преку Програмата ИНФО ПУЛТ ги има пружено на клиентите од регионот (постојни претпријатија и потенцијални претприемачи) се следниве:

  • Информирање за можните форми и институции за обука на претприемачи;
  • Информации и советувања од областа на деловната помош и финансирање;
  • Информации и советодавни услуги за потенцијална консултанска помош за решавањето на  конкретни проблеми во работењето;
  • Информации и совети за можностите за инвестирање во регионот, извозните можности, бизнис контакти и други информации и совети;
  • Информации за можности за учество и аплицирање во домашни, странски и меѓугранични проекти;
  • Информации и совети за извори на финансирање;
  • Информации за саеми, трговски мисии и бизнис форуми во земјата и странство;
  • Информации за Европската мрежа за претпријатија (ЕЕН) и дисеминација на информации за вклучување на МСП во Европската база на бизнис соработка (БЦД)  и во Европската мрежа за трансфер на иновации, односно трансфер на технологии (ББС)
  • Информации за потенцијалите на регионот;
  • Други деловни информации, советувања и интернет истражувања;

Фондација за развој на МСП во 2016 год. во период од месец април до месец септември 2016 год. преку проектот ИНФО ПУЛТ има пружено советодавни услуги на 64 правни субјекти (постојни претприемачи)од регионот и пошироко.

Проектот за оваа година се импплементира заклучно со месец ноември 2016 год.