Проект “Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност”

Проект “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу ГО и социјалното претприемништво” (4SNET)
April 12, 2018
Проект “Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност”
April 15, 2018

„Грант шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата-корисник” – EuropeAid / 138495 / ID / ACT / MK

Проект “Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност”
Договор бр. 12-7324 / 1

 

 

 

Проектот ги опфаќа активностите кои преку зајакната соработка и интеракција на невладините актери со релевантните актери од универзитетите, ќе го поддржат спроведувањето на мерките и проектите за зголемување на конкурентноста. Предвидени се конкретни мерки кои го унапредуваат поттикнувањето на иновации, истражување и развој, како и надградба на технолошките процеси на МСП во земјата. Исто така, ќе бидат имплементирани и мерки за развој на капацитетите на МСП, за соработка и градење на силни врски со јавните институции и образовните институции во земјата, преку воспоставување на заедничка платформа како на пример Иновативен Центар, развој на конкретни проекти, програми за обука и мерки за зајакнување на иновативните капацитети на домашните МСП. Нивото на обука на МСП, локалните власти и институции е доста важно, бидејќи тие можат значително да го олеснат воспоставувањето на односи, преку: развивање на соработка помеѓу МСП; поддршка на економска активност; обезбедување на контакти меѓу потенцијалните партнери; пренесување на искуство и иновациски „know how“; обезбедување на соработка во едукација на кадарот; и поддршка на финансирањето на иновациските проекти во целните региони.
Воспоставениот Виртуелен Иновативен Центар ќе стане партнер на МСП во унапредувањето на економскиот просперитет на целните региони и ќе овозможи трансфер на знаење и технологија развиени на партнерските универзитети, на пазарот. Центарот ќе ја поддржи културата на претприемништво, за трансформирање на иновациските идеи во успешен профитен проект на претпријатијата, а ќе обезбеди и образовни и вмрежувачки можности за МСП, за да ја развијат и да ја демонстрираат комерцијалната вредност на нивните пронајдоци. Виртуелниот Иновациски центар ќе биде создаден преку напредна онлајн платформа, со цел поддршка на развојот на малите и средните претпријатија (МСП). Малите и средни претпријатија ќе имаат можност да пристапат до онлајн програми за подобрување на своите бизнис вештини и да добијат деловно советување и менторство. Притоа, ќе им се помогне и да добијат пристап до потенцијални финансиски и технолошки партнери. Покрај ова, Центарот има за цел да стане онлајн заедница за МСП и да се развие во глобален колаборативен екосистем, кој е корисен за претпријатијата, преку размена на онлајн информации и знаења, вклучително и споделување на најдобрите практики. Членството во Иновацискиот Центар ќе биде отворено за оние кои се заинтересирани за иновации.

Главната цел е да се зголеми конкурентноста на малите и средните претпријатија во североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион, со поттикнување на активноста на различните актери во општеството, а со цел да се влијае врз конкурентноста на економијата на земјата преку иновации.

Конкретнитe цели на проектот:
1. Воведување на иновативни пристапи во деловното работење на МСП
2. Подобрување на иновативните вештини
3. Создавање на иновативна култура во претпријатијата
4. Подобрување на соработката помеѓу МСП и научно-истражувачки институции

Целни групи на проектот:
• 75 МСП од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
• 3 универзитети од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
• Стопанска комора, деловни здруженија, кластери) од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион

Главни активности на проектот:
1. Анализа меѓу МСП за идентификување на бариерите кои ги попречуваат иновациите
2. Дизајнирање на пристап за зголемување на иновативноста на МСП преку воспоставување на Иновациски Центар
3. Основање на Иновациски Центар
4. Имплементација на мерки за градење на капацитети, преку Иновативниот центар, со цел да се приближи иновацијата до МСП
5. Имплементација на кампања за подигање на свеста за иновации
6. Организирање на настан за видливост, за размена на иновативни практики од земјата и странство

Проценети резултати:
Проценети резултати презентирани преку најважните исходи кои што треба да се постигнат:

О1: најмалку 75 МСП во Североисточниот, Скопскиот и Вардарскиот регион, поддржани во зајакнување на конкурентноста и примена на иновативни практики;
О2: најмалку 150 вработени во МСП ги подобрија своите иновациски вештини и обучени да користат иновативен пристап (најмалку 40% жени);

О3: најмалку 6 партнерства иницирани помеѓу академијата, локалните власти, невладините организации, приватните бизниси и регионалната власт;
О4: Иновациски Центар основан како алатка за зајакнување на регионалните иновациски капацитети;
О5: развиена кампања за подигнување на свеста за иновации

Предложениот проект ќе ги обезбеди следните резултати:

Р1: создадени најмалку 100 нови иновативни идеи;
Р2: најмалку 75 претпријатија во северо-источниот, скопскиот и вардарскиот регион ќе ги подобрат нивните перформанси;
Р3: Зголемена свест за иновативноста на најмалку 1000 граѓани од североисточниот, скопскиот и вардарскиот регион
Р4: најмалку 3 заеднички проекти имплементирани помеѓу академијата, локалните власти, невладините организации, приватните бизниси и регионалната власт;

Вкупно времетраење на проектот: 24 месеци