ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ

ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО АКТИВНОСТИТЕ НА ПРОЕКТОТ: “ИНОВАЦИСКИ ЦЕНТАР: КОМПАРАТИВНА ПРЕДНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ”
April 20, 2018
Проект ЕКО ДРОН ПАТРОЛА
December 14, 2021

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ:
ЗГОЛЕМЕНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ, ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ, НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ВКЛУЧЕНОСТ НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ

 Објавено: 25-ти Април 2018 година

Проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу ГО и социјално претприемништво (4SNET)“ финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД)- Министерство за финансии на Република Македонија, во рамки на грантовата шема за имплементирање проекти насочени кон зголемување на конкурентоста на земјите кориснички, спроведуван од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија-Куманово во партнерство со Асоцијацијата на жени Линда од Куманово, објавува повик до граѓански организации кои работат на полето на застапување на правата на ранливите групи за учество на програма за обуки за зголемување на нивните капацитети за застапување, граѓански активизам, нови технологии и подобрување на социјалната вклученост на ранливите групи.
Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра меѓусебна комуникација, да ги зголемат своите капацитети, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа.
Повикот е отворен за сите регистрирани граѓански организации од Куманово, Крива Паланка, Штип и Виница од различни сектори чија дејност е фокусирана на теми како: човекови права, владеење на правото, заштита на ранливи (маргинализирани) групи, дискриминација, заштита на лица со попреченост и др.
Програмата ги вклучува следните активности:
• Тродневна обука на тема “Анализа, застапување и следење на клучни секторски реформи кои се однесуваат на обезбедување на услуги од страна на ГО”
• Еднодневен семинар на тема ”Следење на клучни секторски реформи и застапување во политиката“
• Обука на обучувачи на тема “Мотивација и поддршка на лица од ранливи во потрагата по работа”- подобрување или стекнување на нови квалификации поттикнување на нивната самодоверба и активно учество на пазарот на трудот, планирање на кариера, развивање и зголемување на мотивацијата за вработување
• Дводневен семинар за нови ИТ технологии-(E-network, E-commerce and E-innovation)
• Дводневна обука на тема ”Социјално претприемништво“
• Менторска програма за развој на бизнис идеја и креирање на бизнис план за воспоставување на социјално претпријатие
• Пристап до интерактивна алатка за е-учење во областа на застапување на национално, регионално и локално ниво
• 5-дневна студиска посета во Словенија
Начин на аплицирање:
Заинтересираните граѓански организации треба да поднесат:
1. Пополнет образец за пријава,
2. Регистрација/тековна состојба на организацијата (не постара од 12 месеци)

Пријавата и останатите документи треба да се достават на e-mail:

Краен рок за пријавување е 25-ти мај (петок) 2018 година до 16:00 часот.
Заинтересираните кандидати можат и електронски да аплицираат директно на web страницата www.rcku.org.mk, каде има директен линк за аплицирање.
Кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 31 мај 2018 година.
Предност ќе имаат оние организации кои делуваат во областа на застапување на правата на ранливите групи.
За повеќе информации:

,

тел. 070223809.
Лице за контакт: Елена Чекорова