parallax background

КОНСУЛТАНСКИ УСЛУГИ

 
Компаниите во нашиот регион и пошироко во последните години се повеќе стануваат свесни за потребата од стручни консултански услуги.
Фондацијата за развој на МСП обезбедува целосна поддршка на широк спектар стручни интегрирани консултански услуги на европско ниво, стручни услуги кои што можат со сигурност да овозможат ефективност, стабилност и успешен развој на секој бизнис.

Преку нашите консултански услуги кои ги нудиме на пазар, Вашиот бизнис може да ја искористи ефективноста и ефикасноста на веќе докажаните најдобри бизнис практики.

Тимската работа и нашата експертиза во повеќе области од бизнис сферата, Ви гарантира добри можности и практики за развој на сопствениот бизнис и позитивни бизнис резултати со обезбедување на професионална дискреција и доверба.

Фондацијата поседува солиден тим од надворешни соработници (стручни консултанти со повеќе годишно искуство и богато портфолио) со кои постојано соработува во извршување на разни видови задачи.

По потреба, за одредени специфични подрачја на советување ангажираме и допоплнителни консултанти од овластената мрежа на советници при АППРМ.

Како ваши идни консултанти, секогаш ќе работиме интегрирано со цел успешно да ги разработиме вашите бизнис идеи, да креираме најефикасна бизнис стратегија и да го имплементираме најдоброто решение за вашиот потенцијален или постојан бизнис.

 

Начинот на кој работиме во делот на консултанство можеме да го претставиме преку следниве фази:

  • Анализа и оценка на моменталната ситуација (скрининг)
  • Подготовка на план за интервенции
  • Интервенирање и подобрување на процесот
  • Следење на спроведување на активностите
  • Контрола и мониторинг

Основните бенефити на нашите консултански услуги се:

  • Намалување на трошоците
  • Зголемување на профитот
  • Максимизирање на ефикасноста и ефективноста во работењето
  • Намалување на залихи (оптимални залихи)
  • Елмиминирање на доцнење и “слаби точки”
  • Оптимално искористување на расположливи ресурси
  • Ефикасно планирање
  • Зголемување на капацитетот на вработените
  • Зголемување на капацитетот на невработени лица (потенцијални претприемачи)
  • Развој на нови страт-ап бизниси