parallax background

СОВЕТУВАЊА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈА

 
Иницираме економски проекти и обезбедуваме советодавни услуги за унапредување на перфомансите и конкурентноста на МСП секторот, сектор кој преставува ностител на економијата и обезбедува најголем број вработувања.

Развојот на овој сектор во голема мера зависи од советувањата упатени од стручни лица (консултанти) и развој на оригинални (иновативни) бизнис идеи.

 

Како сервис на услуги (совети) во делот на економија, го поддржуваме развојот на претприемништвото преку креирање на претприемачка култура.

Со нас имате категоричен партнер за совети во делот на економија, партнер кој се грижи за сите релевантни предлози, препораки и совети карактеристични за развојот на вашиот бизнис, поточно да постапувате поодлучно и поумерено во донесување на деловните одлуки за успех на вашиот бизнис.
Ние Ви нудиме експедитивни, сигурни и професионални совети во областа на економија, со цврсти и строги принципи во работата.

Клиентите имаат можност да добијат совети во врска со критични стратешки прашања, поаѓајќи од дефинирање на целите на компанијата, преку дефинирање на потребните стратегии и развојни планови, подготовка на деловни планови, подготовка на анализи и истражувања на пазар, подготовка на маркетинг стратегии, па се до обезбедување на поддршка во текот на имплементација.

Максимално сме одговорни кон своите клиенти, Ви овозможуваме услуга со максимален квалитет но и можност да се здобиете со свој постојан деловен советник во областа на економија.

Во пружање на советодавни услуги нашиот тим има развиено препознатлив пристап и методологија која се засновува на база на применета наука, практични решенија и додатна вредност на нарачателот на советодавни услуги.

Тимот на Фондацијата во секој момент има можност советодавно да одговори на специфични бизнис потреби на клиентите во секоја фаза од нивниот деловен развој.