Агенда ТРАДИЦИОНАЛНА ТЕМАТСКО КУЛТУРНА ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА КУЛТУРА “Активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис“ – 25 септ. 2020, РЕСТОРАН ГРАЦИЈА

СЕМИНАР ЗА ОБУКА „КУЛТУРНИ НАСЛЕДИ ПРИЈАТЕЛСКИ АКТИВНОСТИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ БИЗНИС“ – 17-18 СЕПТЕМВРИ 2020 година, ГРЦИ РЕСТОРАН
September 18, 2020
ЗАВРШНА ПРЕКУГРАНИЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА – 07-ми / 08-ми Октомври 2020 год., РЕСТОРАН ГРАЦИЈА
October 19, 2020

ФОНДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА КУМАНОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ТРГОВСКО – ИНДУСТРИСКА КОМОРА НА ЌУСТЕНДИЛ

 Ве покануваат на

ТРАДИЦИОНАЛНА ТЕМАТСКО КУЛТУРНА ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА КУЛТУРА

“Активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис“

во рамки на ЕУ проектот

“ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА“

CB006.2.23.044

Проектот е финансиран од

Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006

25-ти Септември 2020 год. со почеток во 19 часот

 

Локација на настанот:

РЕСТОРАН ГРАЦИЈА (населба Карпош бб), општина Куманово

 

Модератор на настанот:

Г-ѓа Лиде Стојановска

www.rcku.org.mk/cultural-heritage/

 

А Г Е Н Д А

25-ти Септември, 2020 година

Ресторан Грација (населба Карпош бб)

Куманово, Р. Северна Македонија

 

25 Септември 2020 (петок)

 

Време Активност / Опис
19.00 – 19.30 Пристигање и регистрација на учесниците

(пречек на учесниците на традиционален начин со погача, сол и шеќер)

 

19.30 – 20.00 Вовед во традиционалната македонско – бугарска вечер,

модератор на настанот, Г-ѓа Лиде Стојановска

Краток опис на проектот,

координатор на проектот, Г-дин Димитар Ташевски

 

20.00 – 20.15 §  Свечено избирање и назначување на КУМ на манифестацијата (“Традиционална тематско културна вечер на македонско – бугарската култура“) која секоја година традиционално ќе се оддржува на овој датум

 

20.15 – 20.45 §  Традиционално народно творештво – изведба на традиционални песни од североисточниот регион и ќустендилскиот регион

(6 жени облечени во традиционални носии преку песни ќе ги претстават културните обичаи, традиции и културното наследство на регионот)

 

20.45 – 21.00 §  Претставување на традиционални стари занаети од прекуграничниот регион како уникатен начин на живот

(грнчарство, крзнарство, производи од кожа, народни традиционални сувенири, ксантика, сликарство со срмен конец во филигрантска техника, опанчарство, ткаење и предење на килими, народни носии, традиционални производи од дрво, рачно везени и ткаени текстилни производи и сувенири кои допринесуваат за културно наследство во туристичкиот бизнис)

 

21.00 – 21.15 §  Преку народна традиционална кујна и вкусот на здравата храна до развој на туристичкиот бизнис во регионот

(производи од прекуграничниот регион и јадења подготвени на традиционален начин преку народни обичаи и уникатни локални прослави)

 

21.15 – 21.25 §  Облекување на невеста со песната “Отворете се порте самотворске“ – претставување на стари традиции и обичаи

 

21.25 – 22.10 §  Фоклорни традиции од прекуграничниот регион преку ора, народни сплетови, игри – традиционална фолклорна група СРМА

(изведба на традиционални сплетови – водарка, поречки, копачија, бугарка, кумановска, пчински игри)

 

22.10 – 22.20 §  Завршни зборови за значењето на културното наследство во двата региони за развој на туристичкиот бизнис – модератор на настанот

 

22.20 – 22.30 Затворање на традиционална тематско – културната вечер и заминување на учесниците

 

 

 

* Традиционалната тематско – културна вечер на македонско – бугарската култура ќе биде организирана со максимално запазување на сите потребни протоколи пропишани од страна на Министерство за здравство на Р. Северна Македонија за заштита од пандемијата COVID 19.

 

Настанот ќе се оддржи на отворено поради поголема сигурност на учесниците.

 

 

Ве покануваме сите заедно преку активно учество на вакви настани да допринесеме за негување и промовирање на уникатното културно наследство за развој на туристичкиот бизнис во регионот