Резиме на проектот
Наслов на проектот
ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА-МАКЕДОНИЈА
Водечки партнер
Ќустендил комора за трговија и индустрија, Бугарија
Партнер
Фондација за развој на мали и средни претпријатија, Куманово, Македонија
Специфична цел
2.3 Промовирање на соработката меѓу регионалните учесници во областа на одржливиот туризам
Дејности по проектот
- A 1 Развивање на прекугранична стратегија за туристичка средина која придонесува за културното наследство, одговорен партнер ПП1, место Ќустендил
- A 2 Создавање на план за комуникација за промовирање на заедничката туристичка интерпретација и користење на културното наследство, одговорен партнер ПП2, место Североисточен регион
- A3 Информативен форум и дискусија " Туризам кој придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион - предизвици и можности " во Македонија, одговорен партнер ПП2, место Североисточен регион
- А4 Семинар "" Активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис "" во Бугарија, Одговорен партнер ПП1, место Ќустендил
- A5 Привлекување на локалните власти во зајакнувањето на туристичката индустрија, одговорен партнер ПП2, место Ќустендил и Североисточен регион - Признавање и ангажираност од државните и локалните власти за подобрување на средината за развој на туризам кој што придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион преку средби лице во лице.
- A6 Пилот активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис, одговорен партнер ПП1, место Ќустендил и Североисточен регион - Тематска вечер на бугарската култура во Македонија и македонска културна тематска вечер во Бугарија.
- A7 Алтернативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион, одговорен партнер ПП2, место Ќустендил и Североисточен регион - ќе се создаваат телевизиски спотови, со цел да го претстават заедничкото културно наследство што го нуди прекуграничниот регион.
- A8 Иновативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион, одговорен партнер ПП1, место Ќустендил и Североисточен регион - Развој на виртуелни тури во 10 одделни културни објекти во прекуграничниот регион.
- A9 Прекугранична конференција во Бугарија, одговорно партнер ПП1, место Ќустендил
Резултати од проектот
- Развиена прекугранична стратегија за туристичка средина која придонесува за културното наследство;
- Создаден план за комуникација за промовирање на заедничката туристичка интерпретација и користење на културното наследство;
- Организирани 3 прекугранични настани фокусирани на развојот и потенцијалот на туризмот, кој придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион;
- Реализирани пилот-активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис - организирани се 2 културни тематски вечери;
- Развиени алтернативни и иновативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион - 2 телевизиски видеа и виртуелни тури во 10 одделни културни објекти во прекуграничниот регион
Главни целни групи
- МСП кои работат или се поврзани со туристичката индустрија во целниот прекуграничен регион (хотели и ресторани, итн.);
- Туристички агенции кои работат во целниот прекуграничен регион;
- Организации / институции кои ги извршуваат своите активности во врска со развојот на туристичката индустрија и / или зачувувањето и одржливото користење на културното наследство;
- Локалните власти кои се поврзани со развојот на туристичката индустрија.
Приоритетна оска
Туризам
Времетраење (во месеци)
15