Ваучер Советување (Voucher system of counseling services)

Самовработување (SELF EMPLOYMENT)
September 26, 2016
EU project_EuropeAid 135-012-M-ACT-MK
September 26, 2016

Male hand pointing at paper containing data about economic situation

Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово во период од 2007 до 2016 год. активно ја спроведува и имплементира вклучена во реализација Програмата на Ваучерско советување, програма која нудиподршка на потенцијални и постојани претприемачи кои сакаат да реализираат некоја бизнис идеја или им е потребна одредена стручна консултанска услуга од советници (консултанти) од овластената мрежа на консултанти при АППРМ:

Фондацијата ја реализира програмата во регионот на Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане и општина Липково.

Ваучерската програма претставува пример на „најдобри меѓународни практики” за развој на МСП и унапредување на претприемништвото.

Програмата за ваучерско (субвенционирано) советување нуди подршка на индивидуални претприемачи и на постојни претпријатија кои сакаат да реализираат некоја бизнис идеја.

Ваучерскиот систем на советување го подржува обезбедувањето услуги на советување и развој на деловна активност во форма на ваучери кои се наплаќаат од страна на Владината институција АППРМ (Аgency for promotion of entrepreneurship of the Republic Macedonia)

Целта на ваучерската програма е да ги поттикне веќе воспоставените мали претпријатија да користат консултантски услуги за зајакнување на нивното работење и конкурентност, како и да им обезбедат советување, обука и информации на потенцијалните претприемачи за да ја олеснат нивната транзиција кон самовработување.

Крајни корисници на советувањата (целни групи), обезбедени преку Програмата за ваучерско советување се:

  • МСП кои имаат одредени потешкотии во работењето и МСП кои имаат цел да го развиваат сопствениот бизнис, вклучително и иновативни претпријатија и
  • Потенцијалните претприемачи (од редот на невработените лица и од редот на веќе вработените лица) кои имаат аспирација да станат претприемачи и да се самовработат.

Ваучерите им дозволуваат на корисниците да изберат овластени советници според мониторинг и методологија одобрена од АППРМ.

Програмата на ваучерско советување која се однесува за компонентата мало стопанство изискува развој на бизнисот на клиентите преку широка палета на советодавни услуги.

Подолу се наведени седум главни подрачја на советодавни услуги за развојот на малото стопанство:

  • Општ менаџмент вклучувајќи дијагностика, деловно планирање и стратешки развој
  • Маркетинг, продажба и развој на извозот
  • Финансиска контрола и менаџмент и сметководствен менаџмент
  • Развој на човекови ресурси и менаџмент на кадри
  • Планирање и управување на производството, методологија и процеси, вклучувајќи технологија
  • Квалитет, контрола и управување со заштитата на човековата околина
  • Менаџмент информациони системи, информатичка технологија и електронски бизнис.

Како резултат на постојаното подобрување и усовршување на Програмата за ваучерско советување, истата доби уште едно признание. Имено, по звршување на процесот на имплементација наISO 9001:2008, АППРМ на почетокот на 2011 година се стекна со сертификатотISO 9001:2008, а помеѓу процесите кои се стекнаа со овој сертификат е и Програмата за ваучерско советување.

Ваучерскиот систем на советување се управува од страна на АППРМ.

Изведувачи на програмата за ваучерско советување се фондации за поддршка на претприемништвото, односно организации за деловна поддршка (ОДП) кои се овластени од страна на АППРМ да го спроведуваат ваучерскиот систем на советување на локално и регионално ниво (како изведувач на програма за североисточен регион е надлежна нашата организација, Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово).