Фондацијата за развој на МСП – Куманово е активно вклучена во Програмата за самовработување од 2007 година и за секоја година се потпишува стандардно договор за согласност од страна на АППРМ, кое што ги определува обврските на потписниците.
Програмата за самовработување обезбедува консултирање и финансиска поддршка, се со цел да се генерираат 950 вработувања на невработени лица кои се способни да работат, односно 950 самовработувања во 900 ново отворени мали бизниси.
Целта на оваа програма е активирање на пазарот на трудот и создавање на работни места со стимулирање на побарувачката, усогласување на понудата и побарувачката на работна рака согласно потребите на пазарот на трудот, подобрување на понудата на работна рака и намалување на сивата економија.
Кандидатите кои се заинтересирани во програмата за самовработување се регистрирани од Агенцијата за вработување на Р. Македонија.
Кога ќе се започне со изборот / пред-скрининг, успешните кандидати добиваат обука за бизнис планирање и управување; достап до финансиските пазари, маркетинг и рекламирање.
После тоа, преку ваучер систем, овластените бизнис консултанти во мрежата на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Р. Македонија (АППРМ), обезбедуваат стручна поддршка на успешните кандидати во развојот на сопствените бизнис идеи во бизнис планови.
Фондација за развој на МСП Куманово во 2016 год. е активно вклучена во реализација на Владината програма САМОВРАБОТУВАЊЕ 2016 во координирање на фазата“изработка на (деловен) бизнис план” за невработени лица од североисточниот регион со ангажман преку Владината агенција АППРМ (Агенција за подршка на претпријатија на Р. Македонија).
Проектот за оваа година се импплементира заклучно со месец декември 2016 год.