Проект “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу ГО и социјалното претприемништво” (4SNET)

Проект кофинансиран преку Министерство за Економија_ Жени претприемачи во иновативни и поконкурентни бизниси, клуч за напредок на глобалниот пазар (2016 – 2017)�
January 11, 2017
Проект “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу ГО и социјалното претприемништво” (4SNET)
April 12, 2018

„Enhanced Involvement of Civil Society in the EU Integration Reforms“ EuropeAid/138660/ID/ACT/MK

Project „Social Inclusion trough Social Networks among CSO and Social

“Entrepreneurship“4SNET
Contract No. 12-7456/1

 

 

 

 

The project focuses on the needs of the both regions, in line with developing competences of people that have not been in employment coming from different disadvantaged backgrounds. The project offers innovative and interactive ways of capacity (skills, knowledge and attitudes) building of interested individuals and organizations that will be able to use the online platform to learn trough online courses, but also learn from each other through online activities. Besides the online learning, trainings and a study visit will be organized. The project focuses on the need in the cross border region for development of employability skills and self-responsible attitude towards employment. Beside the direct answer of the needs of the unemployed citizens in the regions it also offers space for development of competencies (skills, attitudes, knowledge) of already successful entrepreneurs towards an inclusive approach in their work. Its activities are innovative and are using a blended approach between online and offline context. The outcomes of the project will be used by different stakeholders (schools, VET institutions, companies) in the CB region. The project is a continuous work that should be implemented in the regions and offers a new and fresh perspective towards inclusive, equal and fast developing societies.
The bottom-up approach will be utilized for the organisation of regional CSO networks defining common interest of CSOs organisations. The organisations, part of this Action, have diverse experience and will cover the topic from different perspectives, thus bringing a wide range of expertise. The proposed p

“Зголемено учество на граѓанското општество во реформите за интеграција во ЕУ“ EuropeAid/138660/ID/ACT/MK

Проект “Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу ГО и социјалното претприемништво” (4SNET)

претприемништво” (4SNET)
Договор бр. 12-7456/1

 

 

 

 

Проектот се фокусира на потребите на два региона, во согласност со развојните компетенции на луѓето кои не се вработени, а се припадници на ранливи групи. Проектот нуди иновативни и интерактивни начини на подобрување на капацитетите (вештини, знаење и ставови) на заинтересирани лица и организации кои ќе можат да користат онлајн платформа и да учат преку онлајн курсеви, но исто така и да учат еден од друг преку онлајн активности. Покрај онлајн учењето, ќе се организираат обуки и студиска посета. Проектот се фокусира на потребата за развој на вештини за вработување и само-одговорен однос кон вработувањето. Покрај директен одговор на потребите на невработените граѓани во регионите, исто така нуди простор за развој на компетенции (вештини, ставови, знаење) на веќе успешни претприемачи кон инклузивен пристап во нивната работа. Активности се иновативни и користат мешан пристап помеѓу онлајн и офлајн контекст. Резултатите од проектот ќе се користат од различни засегнати страни (училишта, институции за стручно образование и обука, компании). Проектот предвидува континуирана работа која се спроведува во двата региона и нуди нова и свежа перспектива кон инклузивни, рамноправни и брзо развивачки општества.
Пристапот оддолу-нагоре се користи за организација на регионални мрежи на граѓански организации што ќе го дефинираат заедничкиот интерес на организациите. Оние организациите, кои се дел од овој проект, имаат различни искуства и ќе ја покриваат темата од различни перспективи, со што носат широк спектар на експертиза. Проект силно ја нагласува потребата граѓанските организации да бидат поттикнати да дејствуваат како ефективни и одговорни независни актери.
Иако во двата региони функционираат голем број на граѓански организации и институции, не постои соработка помеѓу граѓанските организации и институциите кои делуваат на полето на социјалната вклученост. Спроведувањето на активности фокусирани на вмрежување на граѓанските организации и институциите кои работат на полето на социјалната инклузија во двата региона ќе резултираат со подобрено опкружување за развој на меѓусебните односи.
Во рамките на проектот предвидено е подготовка на студија и развој на мрежа, со вклучување на контакти податоци на граѓански организации, со цел воспоставувањето на односите меѓу членовите на мрежата од двата региони. Исто така, проектот ќе ја олесни размената на искуства и комуникација меѓу институциите и граѓанските организации.
Преку проектот ќе се воспостави виртуелна мрежа на граѓански организации кои работат во областа на социјалната инклузија, ќе станат партнери на институциите во процесот на подготовка на приоритетните реформи во секторот, што доведува до подобрен политички партиципативен процес и овозможува пренос на знаење и најдобри практики во социјалната инклузија и социјалното претприемништво.
Освен тоа, мрежата има за цел да стане онлајн заедница за ГО и да се развие во глобален колаборативен екосистем, погоден за размена на информации и размена на знаења преку интернет, вклучувајќи и споделување на најдобрите практики. Членството во мрежата ќе биде отворено за оние кои се заинтересирани за социјална вклученост и социјално претприемништво.

Главната цел е: да се поттикне вклучувањето и пристапот на ранливите категории на лица и подобрување на условите на пазарот на труд за младите луѓе.

Специфичните цели се:
1. Да се ​​подобрат меките вештини и квалификациите на ранливите категории на лица и младите;
2. Да се ​​зголеми мотивацијата и активно да се вклучат ранливите групи во процесот на вработување;
3. Да се ​​воспостави соработка на социјални мрежи, промовирање иницијативи за квалитетно образование и вработување.
4. Зајакнување на капацитетите на ГО преку социјални мрежи

Целни групи на проектот се: 80 лица со попреченост, 60 лица кои живеат во оддалечени и рурални области и 50 лица од ранливи категории ќе бидат вклучени во проектните активности.

Корисници се: Локални ГО, Локални власти во двата региони, локални агенции за вработување, посредници на пазарот на труд, други институции кои работат на полето на социјална инклузија – 50; Образовни институции, бизнис – 20; Општо население на општините Штип, Виница, Куманово, Крива Паланка

Главни активности:
Активност 1 – Градење капацитет на партнерите преку размена на искуства и најдобри практики;
Активност 2 – Идентификација и ангажирање на претставници на целните групи;
Активност 3 – видливост, комуникација и дисеминација;
Активност 4 – Спроведување на обуки за мотивација;
Активност 5 – “Водечка промена” – Социјално претприемништво;
Активност 6 – Меѓународен форум за социјално претприемништво;.
Активност 7 – Управување со проекти, мониторинг и евалуација

Резултати:
• Елаборирана анализа на потребите на целните групи;
• Методологија за идентификација на профилите на учесници во проектот
• Идентификувани и вклучени најмалку 50 претставници на целната група;
• Спроведени четири мотивациони обуки во Штип, Виница, Куманово и Крива Паланка;
• Спроведени се три семинари за нови IT технологии (Е-мрежа, Е-трговија и Е-иновации).
• Спроведени две обуки за социјално претприемништво во Штип, Виница, Куманово и Крива Паланка;
• Најмалку 50 лица од ранливи категории со подобрени меки вештини и квалификации;
• Изготвена онлајн платформа за размена на информации;
• Организиран Форум за социјално претприемништво;
• Обезбедени најмалку 30 консултации за идентификување на можност и создавање на бизнис модел, како и за подготовка за интервју за работа

Вкупно времетраење на проектот: 18 месеци