Проект: “ЕКО ДРОН ПАТРОЛА (Еко Патрола со безпилотно возило) – Дигитална + Зелена Трансформација”
Грантиран од страна на “Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)” врз основа на пријава бр. 11-115/20-2021, поднесена на Повикот за предлози реф. бр. ЦМ-МАК-02
Број на договор: 11-231/1-2021 од 01.12.2021
Датум: 15.12.2021
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово преку програмaта на ЦИВИКА МОБИЛИТАС – МАЛИ ГРАНТОВИ – ЦМ-МАК-02, е во фаза на имплементација на проектот “ЕКО ДРОН ПАТРОЛА (Еко Патрола со безпилотно возило) – Дигитална + Зелена Трансформација “.
Општа цел на проектот е да се поттикне унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини и ублажување на ефектите од климатските промени со помош на дигитална трансформација.
Специфична цел на проектот е да се зголеми мотивацијата и активно вклучување на локалното население во Куманово, пред се земјоделци и/или базнис сектор (каменоломи) во процесот на унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата и јавните зелени површини преку соработка/партнерство/вмрежување на локалните актери кај локалната самоуправа во општина Куманово.
Целна група во проектот се локалното население, пред се земјоделци и/или базнис сектор (каменоломи) од Општина Куманово со цел да ги спречат палењата на стрништата кои се законски казниви и загадувањето на воздухот од сепарацијата на камен, кои освен што се штетни за земјоделската почва и воздухот, тие се и една од честите причини за појава на пожари и загадување на воздухот и почвата.
Резултати на проектот се:
Р1. Изготвена методологија за дрон мониторинг за период Декември 2021 – Мај 2022 со подготвена елаборирана географска и аеро анализа на потребите на целната група
Р2. Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон (безпилотни надлетување од времетраење од 35-40 мин), визуелно (живо) видео снимање и продукција, мониторирање и идентификување на можности за загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини во Општина Куманово.
Р3. Зајакната соработка/партнерство/вмрежување помеѓу ЦОР Елипса и Фондација за развој на мали и средни претпријатија преку потпишан меморандум за соработка за идни заедничка проекти пред се на ЕУ проекти.
Како придобивки од акциите може да се набројат зголемена информираност, пристап до граѓански организации кои ја третираат проблематиката, соработници во проектот, како и зголемен број на индивидуални лица кои се пријавуваат во организациите и релевантните институции за идна поддршка на оваа тематика.
Времетраење на проектот изнесува 6 месеци (период од Декември 2021 до Мај 2022 година).
Во рамки на проектните активости на самиот почеток на проектот упатуваме повик за изразување на интерес за вклучување на сите засегнати страни за успешно имплементирање на проектната акција.
Ги покануваме сите засегнати страни да се приjaват и вклучат во успешна имплементација на проектот и тоа: локалното население од општина Куманово, земјоделците, бизнис секторот (каменоломи) во регионот на Општина Куманово, локални граѓански организации, асоцијации, институции и други засегнати страни во целниот регион.
Сите заинтересирани засегнати страни можат да се пријават на следните e-mail адреси: [email protected], [email protected] или директно на телефонот на проектниот координатор, Димитар Ташевски, тел: 078 300 605.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на веб страната на Фондацијата за развој на МСП Куманово, www.rcku.org.mk
Ве очекуваме сите заедно да ја зачуваме животната средина и воздухот, воедно да го намалиме загадувањето во регионот на Куманово.
ЦИВИКА МОБИЛИТАС е проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија (Донатор), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).