Проект “ЕКО ДРОН ПАТРОЛА
Грантиран од страна на “Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)” врз основа на пријава бр. 11-115/20-2021, поднесена на Повикот за предлози реф. бр. ЦМ-МАК-02
Број на договор: 11-231/1-2021 од 01.12.2021
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово преку програмaта на ЦИВИКА МОБИЛИТАС - МАЛИ ГРАНТОВИ - ЦМ-МАК-02, е во фаза на имплементација на проектот “ЕКО ДРОН ПАТРОЛА (Еко Патрола со безпилотно возило) - Дигитална + Зелена Трансформација “.
Општа цел на проектот е да се поттикне унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини и ублажување на ефектите од климатските промени со помош на дигитална трансформација.
Специфична цел на проектот е да се зголеми мотивацијата и активно вклучување на локалното население во Куманово, пред се земјоделци и/или базнис сектор (каменоломи) во процесот на унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата и јавните зелени површини преку соработка/партнерство/вмрежување на локалните актери кај локалната самоуправа во општина Куманово.
Целна група во проектот се локалното население, пред се земјоделци и/или базнис сектор (каменоломи) од Општина Куманово со цел да ги спречат палењата на стрништата кои се законски казниви и загадувањето на воздухот од сепарацијата на камен, кои освен што се штетни за земјоделската почва и воздухот, тие се и една од честите причини за појава на пожари и загадување на воздухот и почвата.
Резултати на проектот:
Р1. Изготвена методологија за дрон мониторинг за период Декември 2021 - Мај 2022 со подготвена елаборирана географска и аеро анализа на потребите на целната група
Р2. Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон (безпилотни надлетување од времетраење од 35-40 мин), визуелно (живо) видео снимање и продукција, мониторирање и идентификување на можности за загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини во Општина Куманово.
Р3. Зајакната соработка/партнерство/вмрежување помеѓу ЦОР Елипса и Фондација за развој на мали и средни претпријатија преку потпишан меморандум за соработка за идни заедничка проекти пред се на ЕУ проекти.
Активности на проектот:
- А0. Управување на проектот
- А1. Повик до сите засегнати страни за имплементирање на проектната акција.
- А2. Спроведувањето на проектните активности преку елаборирана визуелна географска и аеро анализа на потребите на целните групи
- А3. Видливост - Комуникациски online/offline активност – изработка на промотивни материјали за засегнати страни на локално ниво
- А4. Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон (безпилотни надлетување од времетраење од 35-40 мин.), визуелна (живо) видео снимање и продукција,, мониторирање и идентификување на можности за загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини во Општина Куманово.
- А5 Подготовка на Еко Дрон Патрола визуелна видео анализа за период Ноември 2021-Април 2022
- А6.Формализирање на соработка/партнерство/вмрежување помеѓу Фондација за развој на мали и средни претпријатија и ЦОР Елипса преку потпишан меморандум за соработка, како и можност за отварање на бесплатна телефонска линија и/или интернет платформа
- А7. Промоција на постигнатите резултати преку објавување на финалниот извештај
- А8. Затварање на проектот
Како придобивки од акциите може да се набројат зголемена информираност, пристап до граѓански организации кои ја третираат проблематиката, соработници во проектот, како и зголемен број на индивидуални лица кои се пријавуваат во организациите и релевантните институции за идна поддршка на оваа тематика.
Времетраење на проектот:
Времетраење на проектот изнесува 6 месеци (период од Декември 2021 до Мај 2022 година)
Контакт лице:
Димитар Ташевски
Проектен координатор
Тел: ++389 78 300 605
Е-маил: [email protected]
[email protected]