ЕДУКАЦИЈА НА МСП СЕКТОР
Програмите за обука (едукација) се дизајнирани согласно различните нивоа на организациона структура, основни и напредни интегрирани обуки за:
- Постојани претприемачи
- Старт-ап претприемачи
- Потенцијални претприемачи
- Обуки по желба на нарачателот
Обуките се наменети за личен напредок на кандидатите и деловен развој на компаниите и организациите.
Практичните обуки се одвиваат во реална интерактивна работна околина. Обуките се прилагодени на потребите и барањата на клиентите, имајќи го при тоа видот на саканата област за развој на клиентот.
Нашиот програм и модул на обуки се засновува на студија на случаи, а претежно сме фокусирани на постигнување максимална вклученост на учесниците во процесот на обуки.
Како резултат на повеќегодишно работење со многубројни потенцијални и постојни претприемачи во регионот, имаме развиено сопствени методологии и модули за едукација. .
Подолу ќе дадеме преглед на дел од обуките кои ги пружа стручниот тим на консултанти на Фондација за развој на МСП Куманово:
- Обука за менаџмент / стратешки менаџмент / финансиски менаџмент
- Обука за маркетинг / напреден маркетинг / унапредување на продажба
- Обука за управување со бизнис процеси
- Обука за финансии
- Обука за претприемништво
- Обука за иновации и конкурентност
- Обука за управување со човечки ресурси
- Обука за напредни вештини на ефективна комуникација
- Обука за вештини на преговарање
- Обука за градење на тим
- Обука за изработка на бизнис план
- Мотивациона обука
- Обука за започнување сопствен бизнис
- Обука за подготовка на проекти финансирани од европски фондови
- Обука за управување и евалуација на проекти финансирани од европски донатори