parallax background

ЗА НАС

 
Фондацијата за развој на малите и средни претпријатија - Куманово е основана на 25.02.1999.

Фондацијата е формирана по иницијатива на општината на градот Куманово и Европската унија (програмата ФАР), со првична цел да им овозможи поддршка и развој на малите и средни претпријатија во североисточниот регион. Фондацијата има учествувано во имплементирање на проектот PHARE во делот на МСП секторот во регионот.

Согласно мисијата на фондацијата, членовите на нашиот тим постојано се едуцираат посетувајќи семинари и предавања од областа на бизнисот.

 

Во изминатиот период, фондацијата реализираше многубројни активности поврзани со поддршка на мали и средни претпријатија во многу области на нивната работа.

Фондацијата има спроведено голем број на проекти за невработени лица кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

Фондација за развој на мали и средни претпријатија има 4.400 членови..

Фондацијата има воспоставено контакти со голем број деловни здруженија, меѓународни организации кои спроведуваат проекти за поддршка на развојот на секторот МСП, финансиски институции во земјата и во странство, како и со много канцеларии за деловни контакти во амбасадите на европските земји во Македонија.

Фондацијата е основач на Еврорегион Морава - Пчиња - Струма, организирана прекуграничната соработка помеѓу Бугарија, Македонија и Србија. Поконкретно, Фондацијата за развој на МСП им овозможува на малите и средни претпријатија во регионот и пошироко брз и динамичен развој идентификувајќи ги нивните вистински потреби, нудејќи проекти и програми за помош и поддршка, точни и соодветни информации и капацитети на новоотворени компании, што овозможува развој на компании и води до успешен, траен и профитабилен бизнис.

Во последните неколку години, Фондацијата е целосно фокусирана на категоријата на невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис, категорија каде што интензивно помагаме во текот на процесот на едукација, зголемување на нивните капацитети, даваме техничка советодавна помош и обезбедуваме пристап до квалитетни финансиски и не-финансиски услуги на пазарот.

Дејности:

  • Пружање на консултантски услуги
  • Едукација, информирање и промоција на малите и средните претпријатија
  • Едукација на невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис
  • Подготовка и спроведување на владините проекти за развој во секторот мали и средни претпријатија и проекти за самовработување (фондацијата е координатор на повеќе проекти во регионот финансирани од страна на Владата на Република Македонија)
  • Подготовка и спроведување на ЕУ проекти
  • Спроведување на проекти за поддршка и развој на секторот МСП и невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис
  • Подготовка и реализација на други проекти, стратегии, студии, маркетинг планови, планови за работа, финансиска анализа, истражување на пазар, развој на нов производ
  • Логистика и организациски услуги
  • Советување во областа на економијата

"Намалување на невработеноста, повисок животен стандард, поголем број мали и средни претпријатија, зголемен бизнис развој, зголемено присаство на претприемништво, конкурентност и иновативност во развој на бизнисите"

Визија на Фондација за развој на МСП


 

Фондацијата има реализирани проекти во областа на економијата (МСП), Владини проекти за поддршка на малите и средните претпријатија и самовработување (намалување на невработеноста и подобрување на квалитетот на живеење), проектите за развој на претприемништвото, проекти во областа на конкурентноста и иновациите, едукативни проекти, како и социјални, културни и бизнис проекти.

Фондацијата има три редовно вработени лица и воспоставено постојана деловно - техничка соработка со 16 консултанти.

 

МИСИЈА
  • Сеопфатна поддршка и динамичен развој на МСП секторот и невработените лица кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис во регионот и пошироко.
  • Изградба на поволно економско опкружување
  • Промоција на претприемништво, конкурентност и иновативност
  • Имплементирање на програми и проекти за поддршка на претприемништвото и создавање на поконкурентно мало стопанство

ИНТЕРЕСНИ ЛИНКОВИ