Проект ко-финансиран преку GIZ RED програма

Проекти ко-финансирани преку министерство за економија
September 26, 2016

Име на проект:

Жени претприемачи во ново основани бизниси

Проект: Regional Economic Development – RED

Име на апликант:

Foundation for small and medium enterprises development Kumanovo

Дата на аплицирање:

01.06.2014

Времетраење:

5months

Контракт број:

    83173216

Координатор:

Foundation for Small and Medium Enterprises Development Kumanovo

Ако една третина од започнатите проекти не успеваат во првите три години на глобално ниво и ако тој процент е повисок во земјите во развој, како што е Македонија, и ако жените се соочуваат со дополнителни предизвици како претприемачи, во споредба со мажите поради неколку фактори, тогаш може да се заклучи дека е особено тешко да се биде жена претприемач која започнува свој бизнис во Македонија.

Затоа,  зголемувањето на управувачките и бизнис вештини е од исклучително значење за подобрување на конкурентноста на компаниите поседувани од жени и зголемувањето на стапката на опстанување на компаниите поседувани од жени, особено во најкритичните првите години.

За таа цел, овој проект предвидува организирање на програми за обука, врз основа на специфичните потреби на жените претприемачи одСевероисточниотрегион. Овој проектбеше заедничкиразработенод страна на неколкуинституции за поддршка намали и средни претпријатија и на Центарот за развој наСевероисточниотрегион.

Целната група се жени претприемачи меѓу 40-60одСевероисточниотпланскирегион,кои имаатотворено свој бизнис во последните три години. Тие, исто така, ќе имаат можност да учат од приказни за успех и бизнис грешки на искусни бизнис жени, преку програмата за менторство. Во прилог, освен проширување на нивните знаења и подобрување на нивниот бизнис иуправувачки вештини, се очекува обуката да придонесе за подобра комуникација помеѓу жените претприемачи, кое на крајот ќе доведе дозголемување на соработката во иднина.

Општа цел:

Да придонесе за зголемување на конкурентноставо Североисточниотрегион изазајакнување на женското претприемништво преку зголемување науправувачките капацитети на жените претприемачи.

Специфични цели:

• Подобрување на бизнис и менаџмент вештини на жените претприемачи (меѓу 40 и 60) во Североисточниотрегион;

• Зголемување на свеста за добивките од продолжително учење во областа на управувањето;

• Подобрување на комуникацијата помеѓу жени претприемачи од Североисточниотрегион;

• Зголемување на стапката на опстанување на новоформираниот бизнис од страна на жените во Североисточниот регион;

• Придонес кон создавање на средина во Североисточниотрегион, во која жените претприемачи може да управуваат со нивниот бизнис поуспешно;

• Придонес кон создавање на средина во Североисточниотрегион, во која успешни примери на жени претприемачи ќе ги стимулира жените да создадат свои сопствени бизниси.

Овој проект е кофинансиран од страна на ГИЗ РЕД

germany giz