parallax background

ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ

 
Во делот на имплементација на соодветни проекти и програми поддржани со буџетски и донаторски средства, Фондацијата за разој на МСП реализира низа активности за поддршка на претприемништвото и МСП секторот во регионот и пошироко.
 

Фондацијата има развиено механизам за поддршка и развој на претприемништвото и МСП секторот. Таа има за цел преку одредени проекти и програми да го поттикне самовработувањето кај невработени лица, да им помогне на постојните активни МСП во сопствениот развој на нивниот бизнис и да го развива локалниот и регионалниот пазар на советување и консултанство.

Фондацијата (како регионален центар) е активно вклучена преку владината институција АППРМ (Агенција за поддршка на претприемништво на Р. Македонија) во имплементација на три програми:

  • Ваучерски систем на советување (програма која нуди подршка на потенцијални и постојани претприемачи кои сакаат да реализираат некоја бизнис идеја или им е потребна одредена стручна консултанска услуга од советници (консултанти) од овластената мрежа на консултанти при АППРМ
  • Инфо пулт (програма која нуди пружање на информативни и советодавни услуги од областа на конкретната договорена активност на постојни претпријатија и неврабитени лица за отпочнување сопствен бизнис, имплементација на програми за помош, информирање и советување на потенцијални претприемачи и МСП, како и други активности кои претставуваат основа за истражување на потребите на претприемачите со цел креирање на мерки и инструменти за нивен поквалитететн и побрз економски развој).
  • Самовработување (програма која е наменета пред се само за невработени лица кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис, програма кој нуди советодавна помош на невработени лица, едукација, изработка на стручен бизнис план, регистрација на фирма и кофинансирање на трошоци во износ од 185.000 денари за стартување со бизнис).

Воедно Фондацијата за развој на МСП континуирано имплементира европски (донаторски) проекти кои се однесуваат во делот на поддршка и градење на капацитети на невработени лица кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис, и поддршка на постојни претпријатија за нивен подинамичен и поефикасен економски развој.

Фондацијата располага со стручен тим за пишување на донаторски проекти, пишување на предлог проекти финансирани од Европска Унија, имплементација на проекти, мониторинг и евалуација.