ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО АКТИВНОСТИТЕ НА ПРОЕКТОТ: “ИНОВАЦИСКИ ЦЕНТАР: КОМПАРАТИВНА ПРЕДНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ”

Проект “Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност”
April 15, 2018
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ
April 25, 2018

ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО ВО АКТИВНОСТИТЕ НА ПРОЕКТОТ:
“ИНОВАЦИСКИ ЦЕНТАР: КОМПАРАТИВНА ПРЕДНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ”

 Објавено: 20-ти Април 2018 година

Проектот “Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“ финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД)- Министерство за финансии на Република Македонија, во рамки на грантовата шема за имплементирање проекти насочени кон зголемување на конкурентоста на земјите кориснички, спроведуван од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија – Велес, објавува повик до микро, мали и средни претпријатија за учество во проектните активности кои ќе ги поттикнат иновациите, истражувањето и развојот, како и надградбата на технолошките процеси на МСП во земјата преку: воспоставување на виртуелен иновативен центар, развој на конкретни проекти, спроведување на обуки и мерки за зајакнување на иновациските капацитети на домашните МСП, трансфер на know-how и сл.
Целта на овој повик е преку Виртуелниот Иновативен центар да се придонесе за економскиот просперитет на целните региони и да се овозможи трансфер на знаење и технологија развиени на партнерските универзитети, на пазарот. Центарот ќе ја поддржи културата на претприемништво, за трансформирање на иновациските идеи во успешен профитен проект на претпријатијата, а ќе обезбеди и образовни и вмрежувачки можности за МСП, за да ја развијат и да ја демонстрираат комерцијалната вредност на нивните пронајдоци.
Повикот е отворен за сите регистрирани микро, мали и средни претпријатија од Севроисточниот, Вардарскиот и Скопскиот регион од различни сектори коишто имаат интерес од вмрежување и воведување на иновативни и поконкурентни процеси во нивното работење.

Програмата ги вклучува следните активности:
• 1. Анализа меѓу МСП за идентификување на бариерите кои ги попречуваат иновациите;
• 2. Дизајнирање на пристап за зголемување на иновативноста на МСП преку воспоставување на Виртуелен иновациски центар;
• 3. Основање на Виртуелен иновациски центар;
• 4. Имплементација на мерки за градење на капацитетите преку Иновативниот центар, со цел да се приближи иновацијата до МСП;
• 5. Имплементација на кампања за подигање на свеста за иновации;
• 6. Организирање на настан за видливост, за размена на иновативни практики од земјата и странство.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните мали и средни претпријатија треба да поднесат:
1. Пополнет образец за пријава
Пријавата може да се пополни со директен линк на следната веб-страна: http://www.rcku.org.mk или пак во просториите на Фондацијата за развој на МСП Куманово каде е лоцирана и канцеларијата на проектот (Илинденска бб, Зграда на поранешен Комитет, 3 спрат).
Краен рок за пријавување е 31 мај (четврток) 2018 година до 16:00 часот.
За повеќе информации може да не контатирате: 

,


Лица за контакт: Билјана Цветаковска – Гугоска, тел: 070 274 649
Димитар Ташевски, тел: 078 300 605